Матеус кандидат за селектор на Македонија!

Германецот Лотар Матеус и Шпанецот Виктор Муњоз се кандидати за селектори на Македонија.

Како што пишува весникот „Македонски спорт“, Фудбалската федерација на Македонија е во потрага по негов наследник, но и селектор, а најсериозни кандидати се Германецот Лотар Матеус и Шпанецот Виктор Муњоз.

Матеус во моментов е без ангажман, додека Муњоз е една од легендите на Барселона.  Тој е понуден за селектор на Македонија и се приклучува во оваа битка во која се уште и Македонците Бошко Ѓуровски и Тони Савевски.

06.11.2013 - 13:46

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега