Верижна сообраќајка во скопски Аеродром

Три возила учствувал во верижна сообраќјка која утрово се случила пред трговскиот центар Скопјеанка во скопската општина Аеродром, јавува Курир.

Според информациите, полицијата се уште трага по возачот на Шкода Октавија која околу 7:40 учествувал аво сообраќајката но возачот со автомобилот побегнал од местото на несреќата.

Покрај Октавијата, во сообраќајката учествувале и Голф и Цитроен Ксара.

За среќа нема повредени а причинета е само материјална штета.

 

најчитано сега