ФОТО: Француски мастиф усмрти 4-годишно девојче

4- годишно девојче умрело вчера откако ја каснало куче кои нејзините родители го вдомиле пред некоја недела од прифатилиште.

Лекси си играла со францускиот мастиф во својата куќа, каде одеднаш кучето збеснало и ја нападнало.

Соседите сведочат дека мајката на Лекси морала со нож да се бори со кучето за да ја ослободи својата ќерка. Кучето го фрлило девојчето како кукла.

Мајката била во шок и викала да и помогне некој.

Малата Лекси идела во школо но вчера останала дома бидејќи била болна.

Ужасниот напад се случил додека мајката и ја средувала собата.

Девојчето било веднаш пренесено во болница но таму не можеле да ја спасат и констатирале смрт.

 

 

06.11.2013 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега