Делови на Скопје утре ќе бидат без електрична енергија

Делови на Скопје утре ќе бидат без електрична енергија, информира регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Како што стои во  соопштението, без електрична енергија од 8 до 16 часот ќе останат корисниците од селата Горно и Долно Соње, Ракотинци, Чифлик и Света Петка во општина Сопиште.

Во периодот од 9 до 15:30 часот без струја ќе бидат корисниците од селата Долно и Горно Свиларе, а од 9 до 15 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците од селата Копаница и улица бр. 20 во Сарај. Од 9 до 15 часот струја ќе немаат и корисниците од улица бр. 5 во село Бразда, општина Чучер Сандево.

06.11.2013 - 14:52
Фото: 
утрински

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега