Буџетот во општина Илинден ќе го креираат граѓаните

Започна реализацијата на проектот  „Партиципативно учество на граѓаните во креирањето на буџетот на општина Илинден за 2014 година“.

Целта на овој проект е да се  подобри  квалитетот и условите за живеење на сите граѓани. Предвидени се посети на 12-те месни заедници, каде градоначалникот на општина Илинден Жика Стојановски, стручните служби  и претставниците на јавните претпријатија ќе се сретнат со граѓаните, информираат од општина Илинден 

За денеска се предвидени средби со граѓаните од Дељадровци, Текија и Илинден, а во наредниот период ќе се реализираат посети на Бујковци, Миладиновци, Ајватовци, Бунарџик, Марино, Мралино, Кадино...

06.11.2013 - 16:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега