Стевчо Јакимовски подели хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства

Градоначалникот Јакимовски во  Карпош подели 100 хуманитарни пакети на социјално загрозените семејства. Пакетите содржат произвоиди кои беа собрани во текот на акцијата  „Да бидеме хумани за нашите соседи“, што ја спроведува локалната самоуправа.

- Оваа акција се спроведува три пати годишно, за божиќните и велигденските празници и денеска, за Денот на општината. Ова е редовна акција со која им помагаме на нашите семејства кои се во тешка материјална состојба. Пакетите содржат продукти кои нашите сограѓани ги донираат пред големите маркети на територија на општината, рече Јакимовски.

Во ова време, како што рече, општината колку може им помага на социјално-загрозените семејства, како со материјални така и со финансиски средства.

06.11.2013 - 16:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа