Олимпискиот факел патува кон Вселената

Олимпискиот факел денеска замина во Вселената..

Ова е првпат во историјата на Олимписките игри факелот да биде испратен во Вселената.

Со ракетата патуваат Русинот Михаил Тјурин, Американецот Ричард Мастракио и Јапонецот Коичи Ваката.

Ракетата „Сојуз-ФГ“ и капсулата „Сојуз-ТМА“ се украсени со симболот на ЗОИ - олимписките кругови.

Предвидено е в сабота астронаутите да „го прошетаат олимпискиот факел во Вселената“.

По патувањето во факелот орбитата ќе биде однесен на дното на Бајкалското Езеро и на Северниот Пол и на 7 февруари ќе пристигне во Сочи за церемонијата на отворањето на Зимските олимписки игри. 

07.11.2013 - 09:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега