Вооружени напади во САД - три лица загина, а 10 се повредени

Загинаа три лица, а најмалку 10 се ранети во два вооружени напади во САД.

Во првиот напад, вооружен напаѓач отворил оган во фризерски салон во Детроит, убивајќи три лици и ранувајќи шест други.

По инциднетот напаѓачот побегал, а полицијата се уште не го утврдила неговиот идентитет, ниту мотивите за нападот.

Надлежните органи  претпоставуваат дека е можно да имало уште еден напаѓач, затоа што според изјави на очевидци пред пукањето двајца мажи се степале со две од жртвите, по што се слушнале и истрелите.

Во втроиот напад, четири лица се ранети во североисточниот дел на Вашингтон, кога вооружен маж отворил оган врз група луѓе, кои стоеле на автобуска станица.

Според началникот на локалната полициска управа, Кети Ланиер, ранети се тројца мажи и една жена на 60-годишна возраст, кои се префрлени во болници. Двајца од ранетите мажите се во тешка состојба.

Напаѓачот е приведен, но неговите мотови за нападот се уште не се разјаснети. 

07.11.2013 - 09:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа