Јасер Арафат бил отруен со полониум

Веста на Ал Џазира за убиство на Јасер Арафат може да го потресе Блискиот Исток. Според информацијата која се заснова на извештај на швајацарски научници се тврди дека Арафа  не умрел од природна смрт.

Јасер Арафат бил отруен, јави телевизијата Ал Џазира, повикувајќи се на изјави на швајцарски научници кои во ткивото од ребрата на Арафат и бутните коски измериле вредности на полониум 18 пати повисоки од нормалното. Со тоа за вдовицата на Арафат, Суха, е јасно - сега имам доказ дека мојот сопруг е жртва на политички мотивирано убиство, изјави таа.

„Ќерка ми и јас ако треба ќе одиме во сите судови во светот со цел да бидат казнети оние кои го извршиле злосторството.“

 Јасер Арафат почина во болница во  Париз,  почина во ноември 2004. година. Причината на смртта не беше утврдена, аутопсија не беше извршена. Пред една година медициснки лица од Франција, Русија и Швајцарија зедоа проби од телото на Арафат, кој беше погребан во Рамала. На тоа инсистираше вдовицата на Арафат, откако беше утврдено дека на парчиња од облеката на шефот на ПЛО има траги на радиоактивниот отров полониум 210.

07.11.2013 - 09:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа