Македонскиот хокеарски тим дел од регионалната БАХЛ лига

Со поддршка на Агенцијата за млади и спорт, Македонија добива хокеарски тим. 

Хокеј клубот Металург ќе биде првиот учесник од Македонија кој ќе се натпреварува во регионалната лига БАХЛ каде конкуренти ќе бидат екипи од Бугарија, Грција и Македонија. Екипата е составена од Македонци, Грци, Турци, Словенци и Американци. 

Првиот натпревар ќе се одржи денес со почеток во 19 часот и 50 минути во Софија, Бугарија, каде македонскиот тим ќе си ги одмери силите со Ледени Ѓаволи.

Првите домашни натпревари Металург ќе ги одигра на 14-ти и 15-ти следниот месец во „Борис Трајковски”.

 

 

07.11.2013 - 11:52
Фото: 
мтв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа