Ал Каеда ја презеде одговорноста за ладнокрвното убиство на француските новинари во Мали

Министерот за надворешни работи  Лоран Фабиус оцени дека за убиството на двајцата новинари на француското меѓународно радио на 2 ноември во Мали, „веројатно“ е одговорна организацијата Ал Каида на Исламскиот Магреб (АКМИ), јави дописникот на МИА од Париз.

- Ние во моментов проверуваме, но тоа ми изгледа најверојатно, бидејќи и претходните тврдење на АКМИ беа објавени на ист начин, изјави францускиот министер за надворешни работи за ИТеле.

Ал Каеда  вчера презеде одговорност за убиството на Жислен Дипон и Клод Верлон „како одговор на злосторствата кои ги направи Франција против жителите на Мали“.

Фабиус мисли дека дефектот на автомобилот во кој се наоѓале грабнатите новинари може да биде причина за нивното убивање од страна на грабнувачите. Двајцата новинари беа убиени со автоматско оружје, при што едниот бил погоден со четри, а другиот со седум куршуми.

Фабиус  ја отфрли хипотезата дека новинарите биле убиени од страна на француската армија која се обидувала да ги спаси.

- Немаше контакт, ниту визуелен ниту вооружен меѓу француските хеликоптери и грабнувачите, рече шефот на дипломатијата Лорен Фабиус

Тој понатаму ја потврди изјавата на портпаролот на француската армија, полковникот Жил Жарон од 3 ноември дека грабнувачите биле следени од француските војници, но не успеале да ги стигнат.

Францускиот министер за надворешни работи предупреди на опасностите во регионот на Сахел, посебно за новинарите.

- Кога се грабнува еден новинар, прво се убива едно човечко суштество, а потоа слободата. Порано, новинарите беа заштитетни на фронтот, сега тие се цел. Секој треба да биде солидарен со новинарите, заврши Фабиус.

Тој инфромира дека за француски новинари киднапирани во јуни во Сирија - Дидие Франсоа, Едуар Елиас, Никола Хенан и Пјер Торес, неодамна биле добиени потврди дека се се уште живи

07.11.2013 - 12:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа