Бил Гејтс е повторно најбогатиот човек на светот

Според најновата  листа на 100-те најбогати луѓе на светот, на врвот на листата се најде првиот човек на „Мајкрософт“, Бил Гејстс.

Според Блумберг, милијардерите само оваа година заработиле дополнителни 200 милијарди долари, така што сега располагаат со богатство во висина од 2,1 билион долари.

Бил Гејтс е најбогатиот човек на Планетата, при што неговото богатство годинава е зголемено за 102 милијарди долари на 75,5 милијарди долари.

На второто место по Гејтс е ланскиот „шампион“ Карлос Слим, во чија сопственост е најголемата латиноамериканска телекомуникациска компанија „Америка мовил“. Богатството на Слим оваа година е намалено за 12,9 отсто на 68,3 милијарди долари.

Трет најбогат човек е Амансио Ортега, најбогат Шпанец и сопственик на шпанската модна куќа „Зара“, чие богатство е проценето на 64,5 милијарди доалри, а по него следи американскиот милијардер Ворен Бафет, сопственик на „Берксаир Хатавеј“, со 58,6 милијарди доалри.

Петта позија ја зазема Инград Кампрад, основач на шведската компанија ИКЕА, чие богатство изнесува 51,5 милијарди долари.

Најголем „добитник“ годинава е најмладиот мултимилијардер, основачот и директор на „Фејсбук“, Марк Цукенберг, чие богатство е двојно зголено на 24,5 милијарди долари.

На листата на стоте најбогати луѓе во светот има сопственици на супермаркети, на луксузни брендови, на рафинерии за нафта, на фабрики за цемент... Тие се на различна возраст, од 29-годишниот Цукенберг, па до 93-годишниот Карл Алберхт, кој ги поседува синџирот супермакети „Алди Суд“.

- Нивна заедничка карактеристика е тоа што најголемиот дел од годината го поминуваат во обид да направат дополнителни пари, оцени Блумберг

07.11.2013 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега