ВИДЕО: Голема тепачка на мечот меѓу Лирија и Струмица

Струмичката телевизија ВИС објави видео од финишот од натпреварот меѓу Струмица и Лирија, на која може да се види инцидентот што донесе до повеќеминутен прекин на вчерашниот натпревар од првата кошаркарска лига.
 
По инцидентот кој се случил во 36-минута кој биле исклучени тројца играчи, а средбата ја завршиле само седуммина кошаркари, тројца на Струмица и четворица на Лирија.
 
Се започнало по дуелот меѓу домашниот кошаркар Зоран Стојанов и играчот на Лирија, Бојан Трајковски, кои и физички се пресметале.
 
На тоа реагирале речиси сите кошаркари од двата табора, па на паркетот во салата Парк повеќе имало тепање отколку кошарка.
 
По повеќе минутниот прекин, при кој асистирала и полицијата за смирување на страстите, натпреварот бил продолжен, а на теренот до крајот останале тројца на Струмица и четворица на Лирија. . 
 
Натпреварот завршил со победа на Лирија од 83:67.
 

07.11.2013 - 21:03

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега