Мицкоски: Аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета за Македонија
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа ТВ рече дека аферата со пасошите е голем срам и непоправлива штета за Македонија.
-Ако го читате исказот на Јован Вукотиќ кога бил испрашуван во Србија , ќе каже дека имал регуларна патна исправа издадена од Македонија. Луѓе ги добиле со украден идентитет. Еве на пример Седат Пекер , протеран е , за потоа да се појави кај нас и да земе документи. Заев пред неколку недели кога беше приведувањето на Мијалков, рече дека бил запознат со се, а сега со ова не бил целосно запознаен, рече Мицкоски.
Според него, симптоматично е зошто овие луѓе немаат пасоши со лажни идентитети од другите држави од регионот.
-Голем срам и непоправлива штета е за Македонија. Ај што се неспособни и се ујдисале со криминалци и цела јавност им се смее. Зошто овие луѓе немаат такви пасоши од Албанија или Хрватска, Србија или Бугарија. Седам и се мислев што толку им згреши македонскиот народ, за да нанесат такво зло.Ние сме во ек на најголемата афера во последните 10 години. Каде е министерот за корупција Николовски, да излезе и да каже својот став. Ќе водат што ќе значи бескомпромисна борба со криминалот кога ќе се симнат на власт, изјави Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа