Ставревски: Кај нас се создаваат работни места кога во други земји се губат

 

Јавно се достапни податоците за нивото на јавниот долг, долговите на јавните претпријатија и секое евентуално задолжување за кое гарантира државата, рече денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески одговарајќи на новинарско прашање.

- Нивото на долгот на Македонија е 34,1 процент од БДП и овој податок на месечна основа е јавно достапен на интерент страницата на Министерството за финансии. Јавните претпријатија, за патишита, акционерските друштва, АД ЕЛЕМ, МЕПСО,..., исто така имаат веб страници на кои побарувања и обврските ги презентираат во различен формат. Тие обрвски не може да се третираат како јавен долг зашто се потенцијални обврски. За дел од нив државата издава гаранција, за друг дел не. Ако таа гаранција падне, тогаш прераснуваат во долг, нагласи Ставрески.

Ставревски истакнува дека секој проект и кредит за кој гарантира државата согласно закон, се презенитра во Собранието на РМ и таа информација е достапна до јавноста.

- Кај нас се создаваат работни места кога во други земји се губат. Нивото на невработеност е историски најниско и од тој аспект можеме да бидеме задоволни, но не и помалку амбициозни во иднина да продолжиме со политиките за намалување на невработеноста, рече Ставреаски, одговорајќи на новинарско прашање.

Предизвик за во иднина е, порача, македонските претпријатија да го подобрат капацитетот за соработка со глобалните компании во слободните зони и да се интегрираат во нивните производни процеси. Тоа ќе помогне да се креираат работни места кои бараат повисоки кваификации.

08.11.2013 - 14:39
Фото: 
Новатв.мк

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега