Вчера се обиде да силува 61-годишна сосетка, денеска заврши во притвор

Гостиварецот, кој вчера се обиде да ја силува сосетката доби триесетдневен притвор. Тој попладнево е пренесен во затворот во Скопје.

Попладнево судија во претходна постапка на Основниот суд Гостивар на Д.В. (41) од Гостивар му определил мерка притвор од 30 дена. За него постои основано сомнение дека сторил кривично дело „силување во обид”, вчера „заработи“ кривична пријава од СВРТетово-Одделение за внатрешни работи Гостивар.

Според обвинението Д.В., вчера (27 април) околу 20 часот физички ја нападнал 61-годишната сосетка во нејзиниот дом и се обидел да ја обљуби. Попладнево e спроведен во Казнено-поправната установа Затвор „Скопје” за издржување на притворот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.04.2021 - 18:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега