ФОТО: Скопјани навалија - за 24 минути продадени 2.200 карти за Металург - Вардар

Ракометниот клуб Металург денеска објави дека се продадени влезниците за првата историска пресметка на РК Металург и РК Вардар во Лигата на шампионите, која ќе се одигра на 14. ноември во „Борис Трајковски“, со почеток во 20 часот .

-Продажбата на влезници за натпреварот Металург - Вардар е завршена. За неполни 24 минути се распродадени 2200 влезници. Забележена е огромна заинтересираност за продажба на онлајн влезниците, стои во информацијата објавена на фејсбук страницата на РК Металург.

09.11.2013 - 13:26

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега