Пукање во Скопје - мртов маж лежи сред паркот

Истрели од огнено оружје попладнево околу 15:30 часот ги вознемириле жителите на наслебата Бутел. По пријавата во полиција, екипи на МВР веднаш излегле на терен.  Се упатиле зад киното Бутел, каде во паркот, пронашле безживотно тело на се уште непознато машко лице на возраст меѓу 40 и 50 години. Полицајците, според информации на Press24, на телото забележале прострелна рана во пределот на слепоочницата. Нема информации дали станува збор за убиство или самоубиство.
Од полицијата за Press24 ја потврдуваат информацијата. Повеќе детали најавуваат по завршувањето на увидот.

09.11.2013 - 16:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега