Прегазен малолетник во Тетово
Малолетник кој како пешак се движел по патот Отушиште-Теарце бил удрен од возило вчера околу 17 часот. Поради повредите бил однесен во тетовската болница за укажување на лекарска помош.
-На локалниот пат што ги поврзува тетовските села Отушиште и Теарце, вчера околу 17 часот, патничко моторно возило „Фолксфаген голф“ со тетовски регистарски ознаки управувано од 26-годишниот Н.И. од Теарце, удрило во малолетен пешак од истото село.
Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски информира дека повредениот пешак пренесен е во тетовската Клиничка болница за укажување на лекарска помош.
На местото на незгодата увид извршила екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа