Предлог од МАНУ: Зголемување на даноците за да се намали јавниот долг

Даноците на доход и имот да се зголемат, а непродуктивните трошоци да се скратат. Со ваква препорака денеска излегоа академиците од МАНУ со цел да се избегне финансиска нестабилност и да се намали јавниот долг.

Сепак, академик Таки Фити препорача да не чепка ДДВ-то за да не се случи ударот да биде врз најсиромашните. Исто така, вели дека неопходно е да се засили борбата против сивата економија и даночната евазија.

Предупреди дека постојат ризици од нова рецесија која дополнително би ја исцедила државната каса.

-Јас сум за тоа да има прогресивно оданочување, но кај персоналниот данок на доход. Јас сум против прогресивно оданочување на фирмите. Веќе има определено зголемување на даноците на имот, што е оправдана мерка и евентуално треба да се размисли во иднина дали ќе имаме еколошки даноци и што ќе значат тие од аспект на зголемување на даночниот товар. Но – делумно преку зголемување на даноците а повеќе преку другите мерки, истакна денеска Фити.

Министерот за економија, Фатмир Бесими, пак, вели дека реформите во даночниот систем ќе го зголемат прибирањето на даноци. Веќе е познато дека се планира воведување три пати поголем данок на имот за сите кои имаат повеќе недвижен имот, а не го користат или изнајмуваат. Сепак, контурите на мерката остануваат непознати.

-Веќе имаме усвоено стратегија за реформите во даночниот систем за кои се започнати јавни расправи и во однос на зголемување на ефикасноста на овој систем и прибирање на приходите, рече Бесими.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2021 - 19:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега