Николовски избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ

Вицепремиерот за борба против корупција, Љупчо Николовски на седница на ЦО на СДСМ е избран за шеф на републичкиот изборен штаб на претстојните локални избори.

 

-Благодарам на членовите на Централниот одбор и на претседателот Зоран Заев за довербата која што ми е дадена да бидам избран за Шеф на Централниот изборен штаб на СДСМ. Тоа за мене е чест, голема одговорност но и мотив! Машината којашто победува е во погон! СДСМ е фаворит на локалните избори, сподели на својот Фејсбук профил генералниот сeкретар на СДСМ.

08.06.2021 - 20:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега