ВМРО-ДПМНЕ излегува на терен: Ќе ја објасниме нашата стратегија за „Македонија на сите луѓе“ - Да ставиме крај на поделбите
СДСМ ги дели луѓето на граѓани од прв и втор ред. Оваа поделба е фактичка и е директен производ на однесувањето на власта на СДСМ и Заев, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение.
Од таму велат дека граѓани од прв и од втор ред е ситуацијата во која половина милион луѓе живеат со едвај 150 денари на ден, а функционерите од власта и луѓето околу нив одат на скапи одмори, возат луксузни возила, мотори и јахти.
„Граѓани од прв и втор ред е кога стотици илјади луѓе не може да стигнат до вакцина против КОВИД, не се ниту вакцинирани, додека власта, нејзините семејства и блиски се вакцинираат пред сите други возрасни, хронично болни, мајки, трудници, па не само што се вакцинирани туку и веќе се ревакцинирани.
СДСМ создава голем јаз помеѓу луѓето. На поделбите мора да им се стави крај. Привилегирани не смее да има.
ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период ќе ги посети сите градови и региони, селата и голем број населени места каде директно ќе им ја објасниме на луѓето нашата стратегија и нашата политика за сите луѓе.
ВМРО-ДПМНЕ ќе им објасни на луѓето како планира да ја крене економијата, да ја запре апатијата, да креира нови работни места. Ќе објасниме и како за здравството планираме фокусот да ни биде во докторите, а во земјоделието во земјоделците и создавање на подобри услови за нив.
Ќе ставиме фокус на образованието, и ќе се обврземе на квалитет. А во поглед на инфраструктурата планираме инвестиции и нови проекти.
Време е да се стави крај на политиките на демагогии и празни флоскули кои во изминатиов период ги тера СДСМ. Време е за работа.
Да ставиме крај на поделбите на СДСМ и Заев, на граѓани од прв и граѓани од втор ред. Македонија за сите луѓе!“ стои во партиското соопштение на опозицијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа