Лашкоска до Спасовски: Граѓаните редици чекаат за лични документи додека нарко босовите со македонски пасоши шетаат на слобода
Пратеничката од редовите на ВМРО–ДПМНЕ Ане Лашкоска во обраќање на седница на собранието рече дека пасоши за граѓаните нема и дека има колони граѓани кои чекаат за пасош и за лични документи а за тоа е виновен министерот Спасовски кој уште еднаш ја покажал својата неспособност.
-Мене ми е истечен и дипломатскиот и обичниот пасош. Јас сум граѓанин како и секој граѓанин на Република Македонија и во моментов нема пасоши. Ајде од овде заедно да појдеме двајцата пред Македонската телевизија и да ги видиме колоните луѓе кои што чекаат и не можат да добијат пасош. Која е потребата тогаш луѓето да се јавуваат кај опозицијата и да ургираат да молат ако може да се завршши работа дали за регистарска таблица дали за пасош рече Лашкоска.
Пратеничката Лашкоска појасна дека Спасовски ја потценува интелегенцијата на граѓаните подолго време и дека таа грешка скапо ќе ја плати. Дополнително Лашкоска го праша Спасовски да одговори како 215 светски криминалци и нарко босови добиле македоски пасош со кој шетале низ државата како и многу други земји и зошто нема ниу една објавена потерница по нити еден од овие криминалци.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа