Уште еден мртов војник пронајден кај Загреб: Четврто тело за еден месец
На подрачјето на Загреб пронајдено е тело на припадник на Вооружените сили на Република Хрватска, соопшти денеска тамошното Министерство за одбрана, додавајќи дека настрадал надвор од работното време.
Увидот е во тек, а службите ги утврдуваат околностите на несреќата.
За нешто повеќе од еден месец пронајдени се уште тројца мртви војници, еден на подрачјето Бјеловар, вториот кај Загреб и третиот кај Вараждин. Телата на првите двајца војници се пронајдени за два дена, јавува хрватски Индекс.
16.07.2021 - 19:28
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа