Албанците протестираа против ковид-мерките, Рама одговори: Кој сака да пее, нека оди во природа

Сопствениците на барови, ресторани и продавници во Валона организираа протести против затворањето во 22 часот, полицискиот час и другите мерки воведени во Албанија за да се спречи ширењето на коронавирусот, а некои учесници беа уапсени и ослободени рано утрово.

Учесниците на протестот, организиран синоќа на шеталиштето во Валона, ја испеаја химната и одбија да ги затворат своите продавници, пренесуваат албанските медиуми.

Според написите, наводно три лица, меѓу кои и една жена, биле уапсени.

Албанскиот премиер Еди Рама изјави денеска по повод протестот на угостителите во Валона дека секој што сака да игра и пее ноќе може да се организира во природа и на други места каде што никому нема да му пречи.

„Протести поради музика? Таму нема музика, туку страшно акустично загадување, каде што се обединуваат десетици звуци. Правата на оние што сакаат музика во текот на целата ноќ не може да надвладеат над правата на оние што сакаат да уживаат во звукот на морето навечер“, рече Рама.

Макфакс

19.07.2021 - 14:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега