Дивеат шумски пожари во едно од најпопуларните туристички места во Турција- се шири кон куќите

Неколку шумски пожари избија во Анталија, популарно туристичко место во Турција, додека ветерот носи пламен во насока на населени области, изјави локален претставник за турската Си -Ен -Ен.

Според Мустафа Џигит, службеник во градот Манавгат, три градски области биле евакуирани.

На снимката се гледа темни облаци од чад и пламен високи неколку метри.

Пожарот започнал да се шири од шумата во областа Манавгат, па поради силниот ветер брзо се проширил, покривајќи населени области.

Хоспитализирани се 62 лица, претежно жители кои вдишувале чад и три лица кои се здобиле со изгореници.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, исто така, вети темелна истрага и сета неопходна поддршка и помош.

Поради брзото ширење на пожарот, кој може делумно да биде ставен под контрола навечер, властите евакуираа четири населби во Манавгат. Со помош на хеликоптери и канарди, противпожарната служба се обидуваат да го стави пожарот под контрола.

Во гаснењето на пожарот, покрај пожарникарите, беа ангажирани и шумски работници.

Градоначалникот на Анталија, Махитин Бочек изјави дека областите каде што престојуваат туристите не се загрозени. Анталија е оддалечена 66 км од Манавгат.

Боцек рече дека нема информации за човечки жртви.

- Четири различни места од кои започна пожарот укажуваат на потенцијален подметнат пожар, но засега немаме целосни информации за тоа, додаде Боцек.

Кабинетот на гувернерот претходно објави дека двајца Кандери и 15 хеликоптери учествувале во гаснењето на пожарот.

Според локален претставник, засилување било побарано од околните провинции.

Засега нема информации за повредени или жртви. Причината за пожарот се уште не е позната.

29.07.2021 - 08:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега