Алијанса за Албанците: Во Тетово живот во пандемија со отпадоци и без чиста вода
Алијанса за Албанците на прес-конференција денеска реагираше дека во Тетово во текот на пандемија, животот се одвива со насобран смет и недостиг на вода. Причините за тоа ги лоцира во лошото управување на општината.
–За општинските власти, кои веќе подолго време не превземаат никакви мерки, можеби и нормално е градот да се дави и да биде преплавен со отпадоци. За нив можеби е нормално граѓаните со денови да останат без вода, а да не ги спомнуваме урбанистичкиот хаос и многуте други слични проблеми. Но, за нас граѓаните, оваа состојба не е воопшто нормално, истакна Адхурим Лута од тетовскиот огранок на партијата.
Недостигот на вода, според партијата, е проблем кој не е решен со години, а кој ДУИ ветува дека ќе го реши во секој изборен циклус.
– Веќе со денови во домаќинствата не тече ни капка вода. Зарем е толку тешко да се обезбеди вода за град што се наоѓа до Шара. Треба да ги потсетиме локалните власти дека сеуште сме во услови на пандемија и дека водата е еден од главните елементи за заштита од овој вирус, рече Лута.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа