ВИДЕО: Пожар избувна во Охис – затворен патот кон населбата Драчево
Попладнево пожар избувна и во фабриката Охид.
Од Министерството за внатрешни работи за ТВ21 потврдуваат дека има пожар во фабриката.
Засега не е познато што е запалено во фабриката.
Поради пожарот, од безбедносни причини затворен е за сообраќај булеварот „Борис Трајковски“ кон населбата Драчево, а возилата се пренасочуваат кон Лисиче.
Пожар ги зафати скопските села Ракотинци и Кучково, потврдија за МИА од Центарот за за управување со кризи.
05.08.2021 - 17:29
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа