Вардар има свои сметки за ракометната титула

Актуелниот македонски ракометен првак Металург не успеа да го победи Вардар Про и на тој начин со огромна веројатност да ја обезбеди шампионската титула.

По нерешените 25:25 попладнево во салата „Автокоманда“ првенството ќе биде решено по натпреварот на лутите ривали во „Кале“ на почетокот на идниот месец, кога вардарци ќе играат пред своите навивачи.

Вардар на денешниот дуел влезе со примарна цел да остане непоразен. Во исполнување на таа желба најголема заслуга имаше голманот Страхиња Милиќ кој го одбрани ударот на Наумче Мојсоски во последните секунди, а претходно во серија не му дозволи на противникот да реализира три седмерци.

Најголемото ракометно дерби на балканот и по првите 30 минути заврши без предност на една од екипите. „Црвено-црните“ беа подобар противник и го конролираа резултатот до последната минута кога домаќинот за кратко дојде во водство, но на полувреме се отиде со резултат 13:13.

Во вториот дел Металург го диктираше резултатот, но предноста од 2-3 голови која ја имаше во поголемиот дел, на крајот не ја зачува. Најдобар играч во тимот на Металург беше Наумче Мојсоски со 10 постигнати голови, голманот Никола Митрески забележа 9 одбрани. Во гостинскиот тим Игор Карачиќ запиша 7 реализации, а голманот Милиќ имаше 10 одбрани

најчитано сега