"Ќе го укинеме екстерното тестирање" - Заев ја промовираше новата програма во областа на образованието

Лидерот на опозициската СДСМ денеска ги презентираше новите мерки на партијата во областа на образованието.

        Под мотото „Да инвестираме во иднината а не во минатото“, Заев вели дека стратешки цели и приоритети на Владата на СДСМ во оваа област ќе бидат подобро менаџирање со образовните институции и ресурси,Креирање конкретни политики за изградба на модерно образование,Заштеди во буџетот за образование и пренасочување на средствата во проекти со повеќенаменски образовни и социо-економски цели, Поддршка на наставниците во изградбата на нови генерации здрави личности, Наместо политика на казни Владата на СДСМ во образованието ќе воведе политика на наградување и мотивирање на наставниците и училиштата.

Заев ги најави новите мерки:

  1. Првата мерка е постапно воведување задолжително предучилишно образование од 4-6 годишна возраст. Оваа мерка има повеќенаменски цели.
  2. Втора мерка е укинување на екстерното тестирање. Ќе се укинат  казнените одредби од законите како и оценките од ваквото тестирање. Истовремено, ќе се воведат награди за најдобрите училишпта според остварените резултати.
  3. Трета мерка е поголема грижа и заштита на наставниците и нивна мотивација наместо притисок и инспекции како во изминатите години.    Ќе воведеме нови звања за наставниците во основното и средното образование.
  4. Четврта мерка е можноста на најдобрите дипломирани студенти на сите државни универзитети да им понудиме вработување како наставен кадар во период од 4 години и гарантирано работно место во образованието.
  5. Петто, ќе создадеме нов сектор во Министерството за образование и наука за мултимедиа и електронско издаваштво. Најголем дел од учебниците и другите помагала ќе бидат целосно достапни во електронска верзија.

 

 

13.11.2013 - 14:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа