Карлеуша: Сите сте пи*** - само јас го бранев семејството на малата Тијана!

Контроверзната српска пејачка Јелена Карлеуша денеска на социјалната мрежа Твитер јасно и гласно го кажа својот став околу сите приказни кои излегоа за сметките на семејството на малата Тијана, која за жал го загуби животот и покрај успешната операција во Хјустон.

- Се докажа дека таткото на Тијана е невин. Ја прашувам целата јавност: Зошто само јас го бранев, а вие пак бевте пи***? Срам да ви е!, напиша пејачката на својот Твитер профил.

Оваа објава на Карлеуша доаѓа откако српското МВР денеска објави дека биле прегледани сметките на семејството и дека нема ништо сомнително бидејќи парите се на сметката, иако многу српски медиуми објавија дека таткото ги трошел парите на болното дете и не сакал да ги подели со други болни дечиња.

13.11.2013 - 15:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега