Вработете се во Сковин за плата од 25.000 денари

Винаријата Сковин објавува оглас зa вработување на едно лице на определено работно време, за позиција машински инженер.

Потребни квалификации:

 ВСС – машински факултет, искуство од минимум 2 години (предност ќе имаат кандидати кои работеле во иста или слична индустрија), познавање на англиски и германски јазик, одлично познавање на работа со компјутер (MS Office, PowerPoint, Internet), возачка дозвола Б категорија, комуникативност, способност за работа под притисок

Работни обврски и задачи:

Инсталирање на нова опрема, процесите на концентрирање и дестилирање, учествува во подготовка на технички решенија и нивна реализација, ја организира, планира и координира работата во секторот, се грижи за стручното усовршување и работната дисциплина на вработените во секторот, одговорен е за одржување на целокупната опрема и инсталации, одговорен е за процеси поврзани со производство на флаширано вино, одговорен е за подготовка на технички решенија и реализација на истите за подобрување на технолошкиот процес, носител на процес на ИСО 9001:2008 (одржување и калибрација), одржување на флашара

 Станува збор за вработување на определено работно време од 6 месеци со можност за продолжување на договорот а почетната плата од 25.000,00 денари

Вашата Професионална Биографија (CV), заедно со писмо за мотивација, можете да ги пратите на следната e-mail адреса: info@skovin.com.mk , со задолжителна назнака „за Машински инженер“, или по пошта на адреса ул.15-ти Корпус бр.3 Гази Баба – Сковин АД Скопје.

13.11.2013 - 21:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа