СДСМ: Дали за Мицкоски се убијци докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека тој беше заразен од КОВИД-19?

ВМРО-ДПМНЕ предводена од Христијан Мицкоски стои зад организацијата на срамните протести на кои здравствените работници беа наречени „убијци“, велат преку соопштение од СДСМ.
„Дали за Мицкоски убијци се докторите и медицинскиот персонал кои го лекуваа додека беше заразен со Ковид-19? Дали за него убијци се оние кои повеќе од една година се на првата линија на фронтот давајќи се од себе во борбата против коронавирусот? Наместо да повика на масовна вакцинација, Мицкоски поттикнува протести на кои се напаѓаат здравствените работници и се загрозува јавното здравје“ стои во соопштението.
Од СДСМ велат дека токму поради ваквото нечесно, несериозно делување кое претставува опасност по јавното здравје, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ одново ќе бидат казнети од граѓаните на следните избори.
18.08.2021 - 09:22
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа