Мицкоски: Со Алијанса за Албанците и Алтернатива ќе ги победиме поделбите, криминалот, корупцијата на СДСМ и ДУИ

 

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, при посетата во Берово, одговарајќи на новинарско прашање  за соработката со Алијанса за Албанците и Алтернатива истакна дека тоа е еден историски чекор, и за ВМРО-ДПМНЕ но и за Македонија.

- Направивме коалиција уште пред првиот круг на локалните избори во определени градови, ќе се подржуваме во определени општини, ќе се подржуваме на ниво на кандидати за градоначалници. Договорено е таму каде што коалицијата Алтернатива-Алијанса ќе има кандидат, ВМРО-ДПМНЕ да не кандидира и обратно таму каде што ќе има ВМРО-ДПМНЕ, коалицијата Алијанса-Алтернатива да не кандидира, се разбира во тие општини каде таа соработка е договорена, рече Мицкоски.

Тој посочи дека ова е коалиција која ќе ги победи поделбите, криминалот и корупцијата и ќе покаже дека Македонија има можности со политичари кои се надвор од матрицата на СДСМ и ДУИ.

- Очекувам оваа коалиција да ги победи поделбите, безнадежноста, криминалот, корупцијата, безидејноста, неспособноста, немањето визија и стратегија за развој на Македонија, историски момент за сите граѓани без разлика на етничката припадност, да покажеме дека навистина Македонија има можности и со други политичари кои што се надвор од матрицата  на СДСМ и ДУИ и дека може поинаку и дека не треба да се губи надежта и дека најдобрите времиња допрва доаѓаат, нагласи Мицкоски.

28.08.2021 - 13:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега