Проверете дали денеска ќе останете без струја

Поради веќе закажани технички зафати во системот денеска без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе улици во Кислеа Вода, Бутел и Волково, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје.

Без електриочна енергија ќе останат потрошувачи во следниве термини: · од 08.30 – 11.30 часот ул. Ернест Телман, · од 09.00 – 10.30 часот ул. Сава Ковачевиќ – ул. 14, од 08.30 – 13.00 часот улиците Боца Иванова, Душко Поповиќ, Томе Пуре и Александар Бујнов во Бутел, од 10.00 – 15.00 часот дел од ул. 58 во Волково, од 09.00 – 15.30 часот дел од ул. 20 (кај Голд Маркет) во Сарај и од 09.00 – 15.00 часот горниот дел од село Копаница.

Прекините се заради реализација на инвестиционите зафати за подобрување на квалитетот во снабдувањето со електрична енергија на корисниците во наведените реони. 

14.11.2013 - 09:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега