Жерновски се фали со проекти кои ги започнал Тодоровиќ

Градоначалникот на Општина Центар, Андреј Жерновски се обидува како свој да гп промовира проектот за реконструкција на градинката Кочо Рацин, кој всушност е започнат во време на неговиот претходник Владимир Тодоровиќ, пишува порталот Курир.

Според информациите на Курир, реконструкцијата на градинката е започната уште пред една година, поточно, во 2012 година општина Центар склучила договор со фирмата „Беграмо“ за градежни работи на градинката Кочо Рацин. Градежните работи, кои Жерновски денес ги прикажува како свои промовирајќи ги на порталите на кои се рекламира Општината, започнале во декември 2012 и јануари 2013 година.

-Исто така, на 15 март 2013 година бил склучен и договор со фирмата „Термотрејд“ за изведба на инсталации во објектот на градинката. Овој проект, како што говорат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, на Жерновски ќе му преостане само да го отвори, како што беше случајот и со спортската сала во ОУ Гоце Делчев, како и реконструкцијата на неколку улици во Центар, пишува Курир.

Овие проекти, сметаат советниците од ВМРО-ДПМНЕ, се започнати и во најголема мера реализирани во време на Владимир Тодоровиќ.

 

14.11.2013 - 12:35

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега