СДСМ: Зошто се чека со екстрадицијата на Шиповиќ?

Од опозициската СДСМ денеска прашуваат зошто МВР сеуште нема испратено свој претставник во Австрија за да го преземе Мирослав Шиповиќ и да го врати во Македонија. 

-Екстрадацијата е одобрена на негово лично барање јасно и искажано и повторено пред австрискиот суд, иако тој можел да бара заштита од тој суд. Документот за екстрадиција јавно е потпишан на 4ти ноември но, нашето министерство ја примило официјално информацијата на 6 ноември. Даден е јасен рок во согласност со Европската конвенција за екстрадиција во кој тој треба да биде превземен, по кој рок следуваат други мерки предвидени со истата Конвенција. Денес е 14 ноември, а Шиповиќ се уште не е во Македонија. Сакаме да прашаме зошто МВР се уште не праќа свој претставник за да го превземе Шиповиќ и да го врати во Македонија, рече денеска портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов.

Од СДСМ уште еднаш повторија дека нивното барање е Шиповиќ да се брани од слобода.

 

 

 

 

14.11.2013 - 14:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега