Неколку скопски населби утре без струја

Корисниците од улицата „Кирил и Методиј“ и од населбата Пајко Маало утре од 8 до 10 часот ќе бидат без струја, додека во периодот од 8.30 до 14.30 часот без струја ќе бидат корисниците од викенд населбата Јане Сандански.

Од 9 до 15 часот без струја ќе бидат жителите од улицата „Теодосиј Синаитски“, Горен Жданец и корисниците од горниот дел од селото Копаница. Од 9 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Елисие Поповски“ и „Венјамин Мачуковски“ бр.1а, а од 9 до 15.30 часот дел од корисниците од улицата „20“ во село Сарај.

Без електрична енергија од 9.30 до 15.30 часот ќе бидат дел од корисниците од улицата „Бернард Расел“, а од 10.30 до 15.30 часот корисниците од улицата „51“ во населба Волково.

 

14.11.2013 - 15:06
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа