Среде свадба невеста побегна со подароците

 

Во Горно Миклановци, Србија се слуичо нешто несекојдневно. Сред свадбена церемнонија, невестата Соња С. од Горно Милановци ја фрлила бурмата, ги собрала подароците и исчезнала.

Невестата ја напуштила свадбата  во моментот кога музиката почнала да ја свири песната „Извади го прстенот од десната рака“, пишува српски „Наше новине“

-„Знаевме  дека снаата претходно имала неколку брака и вонбрачни врски, но никој не претпоставуваше дека ова ќе се случи. Се шокиравме кога таа ги собираше подароците и замина во непознат правец. Не треба дополнително да се каже дека свадбата заврши истиот момент. Младоженецот неколку месеци пред венчавката не уверуваше дека таа се променила и дека старите грешки нема да ги повторува, вели еден од роднините на младоженецот“.

Причината сеуште не е позната за Соња така да изреагира.

 

15.11.2013 - 09:20

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега