Упасени 348 педофили низ светот
Упасени се 348 педофили низ светот. Полицијата во Торонто објави дека се уапсени вкупно 348 луѓе, од кои 108 во Канада, 76 во САД и 164 во други земји од Шпанија до Австралија, по речиси тригодишната истрага водена за компанија од Торонто, која дистрибуирала порнографија со деца.
Во големата полициска акција учествувале околу 30 национални полиции, меѓу кои и полициите на Австралија, Шпанија, Ирска, Грција, Јужна Африка, Хонгконг, Мексико, Норвешка и САД.
15.11.2013 - 09:53
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа