Светски берзи: Нафтата поскапува вредноста на еврото расте
Резиме
Еврото со осцилации продолжи нагорен тренд во однос на доларот откако идниот претседавач на Федералните резерви Jenet Yellen рече дека таа се залага за продолжување на монетарното олеснување. Британската фунта се уште е во нагорен тренд во однос на американскиот долар по извештајот за тримесечната инфлацијата во кој е објавено дека каматните стапки можат да бидат зголемени побрзо него што претходно се очекуваше. Цените на фјучерсите на американските акции го продолжиле растот со што S&P500 индексот достигнал нова рекордна вредност. Цената на златото го забавила овонеделниот раст во текот на азиското тргување. Цената на суровата нафта порасна намалувајќи го шестнеделниот пад откако шпекулациите околу можноста за продолжување околу монетарниот стимуланс во Америка го преовладаа над извештајот од залихите.
EUR/USD
Еврото со осцилации продолжи нагорен тренд во однос на доларот откако идниот претседавач на Федералните резерви Jenet Yellen рече дека таа се залага за продолжување на монетарното олеснување. Монетарните стимуланси се воведени за да се обезбеди економско закрепнување и како резултат има соборувањето на американската валута. Од друга страна, еврото останува под притисок од неодамнешната одлука на Европската централна банка да ги намали каматните стапки на рекордно ниско ниво, кои се ограничени од порастот на еврото во однос на доларот. Во текот на вчерашниот ден објавен е извештај за БДП за земјите во монетарната унија што главно имаше лош резултат. За време на азиското тргување еврото опадна за 0,01% во однос на доларот.
На едночасовниот графикон, MACD не покажува јасен тренд, додека RSI не покажува јасен тренд. Цената осцилира околу средната Bollinger линија, така да е можен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.
Примарна подршка: 1.32870
Примарен отпор: 1.35450
Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.34350, со прва цел на 1.34550 и втора цел на 1.34850.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.34200, тогаш е можен понатамошен пад до 1.33800.
Коментар: MACD не покажува јасен тренд, додека RSI не покажува јасен тренд. Цената осцилира околу средната Bollinger линија, така да е можен раст на цената.
Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.
GBP/USD
Британската фунта се уште е во нагорен во однос на американскиот долар по извештајот за тримесечната Инфлацијата во кој е објавено дека каматните стапки можат да бидат зголемени побрзо него што претходно се очекуваше. Во последните три месеци фунтата се зголеми за 3,8%, што е најголем раст спрема сите 10 важни валути. За време на азиското тргување фунтата се зголеми за 0,13% во однос на доларот.
На едночасовниот графикон, MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI осцилира под фаза на прекупуваност. Цената се движи измеѓу средната и горната Bollinger линија, така да е можен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.
Примарна подршка: 1.58510
Примарен отпор: 1.61200
Наше видување: Куповна позиција со влез на 1.60650, со прва цел на 1.60850 и втора цел на 1.61150.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1.60550, тогаш е можен понатамошен пад до 1.60150.
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI осцилира под фаза на прекупуваност. Цената се движи измеѓу средната и горната Bollinger линија, така да е можен раст на цената.
Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.
S&P500
Цените на фјучерсите на американските акции го продолжиле растот со што S&P500 индексот достигнал нова рекордна вредност. Можното продолжување на монетарното попуштање кое го сигнализирала Jenet Yellen позитивно се одразило на цените на акциите. Во текот на азиското тргување S&P500 индексот пораснал 0,08%.
На едночасовниот графикон, MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI излегува од оваа фаза. Цената се движи измеѓу средната и доланта Bollinger линија, така да е можен раст на цената. Нашата препорака би била Куповна позиција.
Примарна подршка: 1734.50
Примарен отпор: 1787.00
Наше видување: Куповна позиција со влез на 1786.50, со прва цел на 1788.50 и втора цел на 1791.00.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1785.00, тогаш е можен понатамошен пад до 1780.00.
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI излегува од оваа фаза. Цената се движи измеѓу средната и доланта Bollinger линија, така да е можен раст на цената.
Тренд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок
GOLD (ЗЛАТО)
Цената на златото го забавила овонеделниот раст во текот на азиското тргување. Сигнализирањето на продолжувањето на монетарното попуштање во Америка заедно со полошиот БДП од очекуваниот во Јапонија кој сигнализирал понатамошна агресивна попустлива монетарна политика во оваа земја и понатака ја одржуваат цената на златото.Сепак до забавување на растот дошло поради затворање на профитабилните позиции како неделата се приближува кон крајот.Во текот на азиското тргување цената на златото опаднала 0,18%.
На едночасовниот графикон, MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI има опаѓачки тренд. Цената се движи измеѓу средната и долна Bollinger линија, така да е можен пад на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција.
Примарна подршка: 1260.50
Примарен отпор: 1313.80
Наше видување: Продажна позиција со влез на 1285.00, со прва цел на 1283.00 и втора цел на 1280.00.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се спушти под 1286.00, тогаш е можен понатамошен пад до 1290.00.
Коментар: MACD е во фаза на прекумерна куповна позиција, додека RSI има опаѓачки тренд. Цената се движи измеѓу средната и долна Bollinger линија, така да е можен пад на цената.
Транд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.
CRUDE OIL (НАФТА)
Цената на суровата нафта порасна намалувајќи го шестнеделниот пад откако шпекулациите околу можноста за продолжување околу монетарниот стимуланс во Америка го преовладаа над извештајот од залихите. Америка е најголем светски потрошувач на нафта и можен раст на економските активности пдржан од понатамошна стимулативната монетарна политика се одрази позитивно на цената иако сигналите за намалената побарувачка кои покажаа раст на залихите во текот на претходната недела. Во текот на азиското тргување цената на нафтата порасна за 0.22%.
На едночасовниот графикон, MACD е во фаза прекумерна куповна позиција, додека RSI има опаѓачки тренд. Цената не успеа да ја достигне горната Bollinger линија, така да е можен пад на цената. Нашата препорака би била Продажна позиција.
Примарна подршка: 91.20
Примарен отпор: 95.20
Наше видување: Продажна позиција со влез на 94.00, со прва цел на 93.80 и втора цел на 93.50.
Алтернативно сценарио: Доколку цената се издигне над 94.10, тогаш е можен понатамошен раст до 94.50.
Коментар: MACD е во фаза прекумерна куповна позиција, додека RSI има опаѓачки тренд. Цената не успеа да ја достигне горната Bollinger линија, така да е можен пад на цената.
Транд: Осцилирање на краток рок, странично движење на долг рок.
Извор: FX Lider
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа