Трпковски: Создаваме нова иднина во Сопиште
Кандидатот за градоначалник на Општина Сопиште од ВМРО-ДПМНЕ, Стефче Трпковски на денешната прес-конференција посочи дека во својата програма, покрај водоводот Патишка Река, предвидува изградба и на водоснабдителни бунари во Долно Соње, Горно Соње, Чифлик, Св. Петка и Нова Брезница.
Тој напомена дека сите инструменти и алатки, интензивно ќе ги насочи кон водоснабдувањето и третирањето на отпадните води во општината.
-Продолжуваме со поголема динамика во третирањето на отпадните води со изградба на канализација за улиците 22 и 24 во Сопиште како и за населените места Ракотинци, Добри Дол, Горно Соње и Долно Соње. Некаде направивме повеќе, некаде за жал помалку, но секогаш дадовме се од себе, рече Трпковски.
Тој додаде дека се уште има потреба од асфалтирање и подобрување на инфраструктурата во оваа општина.
Како што рече, во фокус е и нов план за подобрување на здравствената заштита на граѓаните, како и изградба на трговски центар, спортска сала, детски забавни паркови и целосна нова технологија во уличното осветлување.
-Тоа се само дел од новите проекти кои ќе придонесат во подобрување на квалитетот на живот на нашите жители, додаде кандидатот за градоначалник на Сопиште, Стефче Трпковски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа