Статистика: Цените на индустриските производи повисоки на месечно -пониски на годишно ниво

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика ,продажните цени на производителите на индустриски производи се повисоки за 1,2 отсто на месечно ниво, а се пониски за 2,6 отсто на годишно ниво.Во септември 2013, во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 0,3 отсто, а се повисоки во секторот Преработувачка индустрија за 1,3 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1,1 отсто.

Во септември 2013, во споредба со септември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи, вкупно, се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 2 отсто, во секторот Преработувачка индустрија за 2,9 отсто и во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 0,1 отсто.

Продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари во септември годинава се повисоки за 0,4 отсто на месечно ниво, а се пониски за 4 отсто на годишно ниво.Според податоцита на Државниот завод за статистика, во септември 2013, во споредба со август 2013, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 0,6 отсто, а во секторот Преработувачка индустрија се повисоки за 0,5 отсто.

Во септември 2013, во споредба со септември 2012, продажните цени на производителите на индустриски производи на странски пазари се пониски во секторот Рударство и вадење камен за 3,8 отсто и во секторот Преработувачка индустрија за 4,1 отсто.

15.11.2013 - 13:23
Фото: 
топ пост

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега