Мицкоски: Во Бутел Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски денеска од Бутел ја побара поддршката од граѓаните на општина Бутел за кандидатот за градоначалник Дарко Костовски, порачувајќи дека сегашниот градоначалник од СДСМ, Велимир Смилевски е во коалиција со бандити и криминалци кои го донеле на власт.
Во Бутел, Велимир Смилевски е во коалиција со бандитите и криминалците кои го донесоа на власт. Нив се им исполни, на народот не му исполни ништо, ветуваше поликлиника, основно училиште во Визбегово, водовод во Љуботен и Љубанци, гасификација, две нови градинки- ништо од ова не исполни, рече Мицкоски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа