Цените паѓаат но никој не купува - 5.000 станови чекаат сопственик

Стагнира продажбата на станови. Побарувачката е намалена, понудата  зголемена, цената на метар квадратен спуштена,  но а ретко кој купува нов стан, велат од агенциите за недвижнини.

Годишно низ цела Македониај се градат по 5,000 станови. Според неофицијални податоци се калкулира дека токму толкава бројка се непродадени

Се подготвуваат и измени во законот за градба, каде најверојатно веќе нема да можат да се продаваат станови  додека објектот не биде во целост изграден. Инвеститорот ќе биде должен прво да ја изгради  зградата,  па дури потоа да продава

Инаку  агенциите за недвижнии бараат со закон да се регулира нивната работа.  За да се знае кој се работи и има право да работи со агенциите, предлагаат закон за промет на недвижни.

Сметаат дека на тој начин ќе  среди хаосот - нерегистрирани друштва и поединци  да посредуваат,  продаваат  иа заработуваат, без  да платат некакви давачки кон државата

15.11.2013 - 22:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега