Во поплави во Виетнам загинаа шест лица

Во поплавите кои го зафатија централниот дел на Виетнам, загинаа најмалце шест лица, а повеќе од 20 илјада останаа без покрив.

Поплавите биле предизвикани од поројните дождови во неколку централни провинции, кои пак се последница на новата тропска депресија по преминувањето на тајфунот Хаијан, кој ги опустоши Филипините и со помала сила го погоди и Виетнам.

 

Локалните власти изјавиле дека водите дошле со голема брзина, и локалните жители немале време да се подготват.

16.11.2013 - 10:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега