Претставничкиот дом на САД усвои нацрт-закон против Обамакер

Триесет и девет членови на Демократската партија вчера  го поддржаа републиканскиот нацрт-закон во Претставничкиот дом на Конгресот, кој е насочен против здравствената реформа на Обама, позната како Обамакер.

Со 261 гласови „за“ и 157 гласа „против“, беше усвоен текстот од републиканецот Фред Јаптон од Мичиген.

Поголемиот број од демократите се плашеа дека дека неуспешниот старт на Законот за пристап до здравствена грижа ќе им наштети на нивните можности за реизбор во 2014 годна.

 

Сепак од Белата куќа соопштија дека текстот нема да биде усвоен од Сенатот кој е под контрола на демократите.

16.11.2013 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега