Списанието „Форбс“ оди на продажба!

По 96 години издавање њујоршкиот  „Форбс медиа“ се разгледува можноста за продажба на компанијата.

 Компанијата работи со „Дојче банк“ на продажбата“, се наведува во дописот на генералниот директор Мајк Перлис, испратен до вработените во компанијата и се додава дека се разгледува продажбата по добиените понуди од потенцијалните купувачи.

Основач на оваа компанија е семејството на поранешниот американски претседателски кандидат Стив Форбс кој очекува најмалку 400 милиони долари од продажбата.

 

„Форбс медиа“ се одлучи на продажба по падот на приходите од реклами и на прометот поради конкуренцијата на Интернет.

16.11.2013 - 11:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега