Берлускони повторно ја покрена партијата Форца Италија

Само еден ден по расцепот што настана во неговата десно-центристичка алијанса ПЛД, со која учествуваше на последните парламентарни избори италијанскиот премиер Силвио Берлускони повторно ја покрена својата партија Форца Италија.

Дисидентите од оваа Алијанса,предводени од Анџелино Алфано,доскорешна „десна рака„ на Берлускони,претходно, соопштија дека ја напуштаат ПЛД и формираат фракција во Парлементот. Берлускони призна дека ова  „длабоко го погодил“ но рече дека неговата старо-нова партија Форца Италија, ќе соработува со новата фракција.

Берлускони се закани со растурање на владината коалиција,но таквиот негов потег го спречија Алфано и неколкумина пратеници кои јавно се спротивставија на растурање на коалицијата и на соборување на владата.

Соочен со бунтот на дел од неговите пратеници,Берлускони се откажа од создавањето владина криза и ја подржа коалициската Влада.

 

 

17.11.2013 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега