Во поплавите во Виетнам загинаа 28 лица

Во поплавите кои го зафатија Виетнам загинаа повеќе од 28 лица, а девет сеуште се водат како изчезнати.

Поради поплавите кои се последица на поројните дождови се евакуирано 80.000 лица, а патиштата се затворени, а и железничкиот сообраќај делумно е во прекин.

Централниот дел на Виетнам, вклучувајќи и појасот за одгледување кафе на висорамнините, меѓу јули и октомври често е на удар на поплави и бури.

 

Дождовите сега ја попречија бербата на кафе и сушењето на зрната.

17.11.2013 - 12:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега